MK | EN

Изложба на уметничка фотографија„ПРАВОСЛАВИЕ“

Jan 5, 2026
Изложба на уметничка фотографија„ПРАВОСЛАВИЕ“

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово преку својот Фото клуб - Мотус во период од 14 јуни 2024 до 25 јуни 2024 во Уметничка галеријата на град Куманово ја организираше изложба на уметничка фотографија „ПРАВОСЛАВИЕ“. На изложбата беа претставени 32 фотографии од истакнатиот уметник и фотограф Рајко Р. Каришиќ од Белград, Република Србија. Беа изложени фотографии од манастири и православен живот од балканот со посебен осврт на манастирот Хиландар од Света гора. Посебна тежина на изложбата и дадоа и фотографиите настанати од манастирите во Македонија.

Изложбата е финансирана од Општина Куманово, а под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

Изложбата беше отворена на 14 јуни 2024 во 19:30 часот во Уметничката галерија на град Куманово.