MK | EN

Самостојна изложба на уметничка фотографија „ЗАРОБЕНИ МОМЕНТИ“ од Дејан Ангеловски

Jan 14, 2026
Самостојна изложба на уметничка фотографија   „ЗАРОБЕНИ МОМЕНТИ“ од   Дејан Ангеловски

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, заедно со својот Фото клуб МОТУС, со гордост ја најавува самостојна изложба на уметничка фотографија под наслов: „ЗАРОБЕНИ МОМЕНТИ“ од авторот Дејан Ангеловски.

Изложбата ќе биде отворена на 27.11.2025 (четврток) во 12:00 часот, во просториите на ОУ Дом на култура ,,Крсте Мисирков" во Свети Николе.

Изложбата се реализира под патронат на Фото Сојуз на Македонија, Меѓународната Асоцијација за Фотографија Дунав и е отворена за сите љубители на уметноста, фотографијата и културата.

Ве покануваме да бидете дел од ова визуелно доживување.