MK | EN

Акварели

Jun 10, 2026
Акварели

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности МОТУС со особена чест и задоволство ја најавува претстојната
самостојна изложба на уметнички слики на авторот Рајко Каришиќ од Србија, под наслов „Акварели“.
Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 19 јуни 2026 година (петок) со почеток во 19:30 часот, во изложбениот простор на Детскиот
ликовен центар - Градско здружение на ликовните педагози во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени повеќе дела изработени во техниката
акварел, создадени од авторот во текот на изминатите неколку години. Преку своите акварели, Рајко Каришиќ на маестрален и впечатлив начин ја доловува
убавината на природата, преточувајќи ја на хартија низ прекрасни пејзажи исполнети со светлина, боја и емоција. Истовремено, авторот со истата
сигурност и уметничка зрелост навлегува и во светот на апстрактнитекомпозиции, каде преку играта на формите, боите и симболиката создава дела
што ја поттикнуваат имагинацијата и оставаат силен визуелен впечаток кај посетителот. Токму оваа разновидност во творечкиот израз му дава посебна
вредност на неговиот опус и овозможува публиката да доживее едно богато и инспиративно уметничко патување.
Здружението МОТУС ги поканува сите љубители на ликовната уметност,уметници, културни работници, студенти, ученици и граѓани да ја посетат
изложбата и да уживаат во делата на авторот, кои сведочат за неговата долгогодишна посветеност и творечки израз во областа на акварелното
сликарство.
Добредојдовте на вечер исполнета со уметност, инспирација и креативност!