Дејан Ангеловски
Дејан Ангеловски (Куманово, Северна Македонија, 1983) активно се занимава со фотографија од 1996 година. Веќе следната, 1997 година, добива диплома на Деновите на македонската фотографија одржани во Струмица. Неговитефотографии биле изложувани на повеќе од 50 изложби (интернационални,републички, клубски и самостојни). Дејан Ангеловски е добитник на бројнинагради и признанија. Во периодот од 2005 до 2014 година бил секретар на Фото кино клубот Козјак одКуманово, а во периодот 2014–2022 година ја извршувал функцијата претседател на клубот. Дејан Ангеловски е член на Фото сојузот на Македонија (ФСМ), каде што го носи звањето Ф1 на ФСМ (фотограф од прва класа), а во рамките на FIAP го носи меѓународното звање Artist FIAP (AFIAP). Во моментот, тој е одговорен за Фото клубот МОТУС, кој делува во рамките наЗдружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности МОТУС од Куманово, Северна Македонија.
Галерија од самостојна изложба на уметничка фотографија,,Заробени моменти" одржана Општинска Установа Дом на Култура ,,Крсте Мисирков“ Свети Николе
Gallery